Почитувани,
Македонската Алијанса нема намера да врши било каков притисок врз Уставниот Суд. Но, нема да премолчиме што денес дел од Уставните судии подлегнаа на притисоците од слугите и шпионите на немакедонската Влада, кои смислено со денови фрлаа дрвја и камења по иницијативите на Светски Македонски Конгрес и партијата „Левица“ за испитувањето на уставноста на одлуката за распишување на референдумот. Едноставно, изродите на Македонскиот народ вршат терор врз сите државни институции!
Свесни сме дека специјалната војна е фокусирана сите оние кои го бранат правниот систем, Уставното име и македонскиот националниот идентитет, да ги оквалификува како ретроградни сили и непријатели на Македонија. Сите во Татковината кои мислат со своја глава, кои ја гледаат реалноста, ги штитат Македонските национални интереси, се цел на невидена пропаганда и притисок!
РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЛАЖЕН! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЕЌЕ ГО ОДБИ ПРЕДАВСТВОТО НА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА! ЛАГА Е ДЕКА ТАТКОВИНАТА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ АКО НЕ ПОМИНЕ КУКАВИЧКИОТ ДОГОВОР ЗАЕВ – ЦИПРАС!
Велепредавниците се лажат дека можат на сила да го натераат Македонскиот народ да се обезличи. Бадијала им е што на сила го натераа Уставниот Суд да ги одбие иницијативите! И да ги наполнат гласачките кутии на 30-ти септември, и сите поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ кои се уплашени од обвиненијата да повикаат да се гласа „ЗА“, и цела војска и полиција да застане на нивна страна, нема да му го сменат мислењето на Македонскиот народ. Бараме нови изборни правила, предвремени избори на кои граѓаните ќе и ја испорачаат фактурата на оваа немакедонска структура.
ЕУ И НАТО СЕ РЕАЛНОСТ САМО СО НОВА ВЛАДА КОЈА Е КАДАРНА ДА ПРЕГОВАРА НА РАМНОПРАВНА ОСНОВА И ДА ГИ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА