Писмена реакција за одлуката на Уставниот Суд за референдумот

Почитувани,

Македонската Алијанса нема намера да врши било каков притисок врз Уставниот Суд.  Но, нема да премолчиме што денес дел од Уставните судии подлегнаа на притисоците од слугите и шпионите на немакедонската Влада, кои смислено со денови фрлаа дрвја и камења по иницијативите на Светски Македонски Конгрес и партијата „Левица“ за испитувањето на уставноста на одлуката за распишување на референдумот. Едноставно, изродите на Македонскиот народ вршат терор врз сите државни институции!

Свесни сме дека специјалната војна е фокусирана сите оние кои го бранат правниот систем, Уставното име и македонскиот националниот идентитет, да ги оквалификува како ретроградни сили и непријатели на Македонија. Сите во Татковината кои мислат со своја глава, кои ја гледаат реалноста, ги штитат Македонските национални интереси, се цел на невидена пропаганда и притисок!

РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЛАЖЕН! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЕЌЕ ГО ОДБИ ПРЕДАВСТВОТО НА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА! ЛАГА Е ДЕКА ТАТКОВИНАТА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ АКО НЕ ПОМИНЕ КУКАВИЧКИОТ ДОГОВОР ЗАЕВ – ЦИПРАС!

Велепредавниците се лажат дека можат на сила да го натераат Македонскиот народ да се обезличи. Бадијала им е што на сила го натераа Уставниот Суд да ги одбие иницијативите! И да ги наполнат гласачките кутии на 30-ти септември, и сите поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ кои се уплашени од обвиненијата да повикаат да се гласа „ЗА“, и цела војска и полиција да застане на нивна страна, нема да му го сменат мислењето на Македонскиот народ. Бараме нови изборни правила, предвремени избори на кои граѓаните ќе и ја испорачаат фактурата на оваа немакедонска структура.

ЕУ И НАТО СЕ РЕАЛНОСТ САМО СО НОВА ВЛАДА КОЈА Е КАДАРНА ДА ПРЕГОВАРА НА РАМНОПРАВНА ОСНОВА И ДА ГИ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!

 

 

                                                                                           Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                   Претседател,

                                                                                           МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *