Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата, вечерва изјави дека целосно ги поддржува предлозите на група истакнати членови за нефаворизирање на кандидат за претседател, за одложување на Конгресот и за колективно претседателство на партијата.
Според Петровски, фаворизираниот кандидат е генералниот секретар Христијан Мицковски и тој нема поддршка од членството на партијата, а доколку се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ викендот во Валандово тој ќе биде нелигитимен.
– Овој Конгрес е нелегитимен, не е демократски, не е дозволено да се претстават како што треба кандидатите и воопшто не е прашано членството. Сакам да ги предупредам јавно и јасно дека ќе направат конфронтација на членството од многу сериозни димензии доколку продолжат да туркаат човек кој не е прифатен, изјави Петровски за Телма