Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе разгледа неколку измени и дополнувања кои се однесуваат на закони за администрацијата.
Пратениците ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, на Законот за управната инспекција, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и на Законот за архивски материјал, сите во прво читање. На деневен ред се и Предлог на закон за реализирање на рамноправноста на службените јазици и писма во Република Македонија, во прво читање, поднесен од Мендух Тачи, Бардуљ Даути, Мерал Узеири Ферати и Предлог – закон за амнестија, во прво читање.
Седница денеска ќе одржи и Комисијата за култура која ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за културата, на Законот за заштита на културното наследство и на Законот за филмската дејност, сите во прво читање
This piece was both insightful and engaging. Id love to dive deeper into this topic with you all. Click on my nickname for more content!