Тркалезна маса „Евроатлантска иднина за Македонија?

Во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Центарот за економски анализи, а  во соработка со Аспен институтот од Берлин, денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Евроатлантска иднина за Македонија?“.

На настанот најавено е обраќање на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на амбасадорот Кристиан Хелбах, специјален претставник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА и на директорот на економската програма од Центарот за изучување на демократија,  Руслан Стефанов.

На тркалезната маса, како што е најавено, поканет е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.