Почитувани,
Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица упатува честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ Охридски Македонски г. г. Стефан, членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Република Македонија и ширум Светот:
„Ваше Блаженство, дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
На овој голем православен Македонски празник ја славиме големата љубов и добродетел на мајката Божја, присетувајќи се на најголемата љубов, мајчинската, која е светлина и патоказ во животот на секој верник. Вознесот на мајката Божја, најдостојната меѓу сите жени и заштитничка на народот кон небото е симбол на големата вера и трпение како духовни вредности кон кои треба да се стреми секој еден верник. Затоа, со силата на нејзиниот благороден лик и со нејзиното свето име, Ви посакувам Вам и на сите православни македонски верници, здравје, љубов и многу благодет во Вашите домови и семејства.
Се верува дека Голема Богородица е заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството, како и голем чувар на здравјето. Затоа, Ви посакувам овој празник и Пресвета Богородица да донесе топлина и бериќет во вашите домови, да ги чуваат вашите ближни и да Ве благослови со многу здравје.
Нека ни е за многу години празникот!“
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА