Писмена реакција за ставот на Румен Радев

Почитувани,

Во врска со ставот на Бугарскиот Претседател, Румен Радев, кој бара со амандман во Договорот за добрососедство Македонија да прифати дека Илинденското востание е Бугарско, како услов за нивната поддршка за нашите Евроатлански интеграции, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Заев, Димитров и Шекеринска се штетни за Македонските национални интереси. Не постои нешто подолно од фејсбук пораката со која Заев како потчинет му се извини на Борисов за тоа што ја кажал вистината дека Илинденското востание е Македонско! Скандалозното барање на Радев е уште еден доказ дека сервилната надворешна политика на немакедонската Влада кон соседите е погрешна и крајно штетна за Татковината! Главните актери од Букурешкиот Договор со кој Македонија е распарчена, и денес после 105 години не доживуваат како нивен плен и ништо друго. Ние одамна тврдиме дека Договорот за добрососедство е само во корист на Бугарија. Затоа, Македонската Алијанса со сите политички средства ќе се бори Македонија еднострано да го раскине овој штетен Договор, согласно член 13, точка 3, од истиот.

ДОСТА ГО СРАМИТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

Заев, Димитров и Шекеринска може да се занесуваат дека со кампања ќе го убедат Македонскиот народ да прифати да се обезличи. Се лажат! Никој не верува на нивните шарени лаги дека Договорот Заев – Ципрас ќе овозможи експресен влез на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата. После испадите на Борисов и Радев на Македонскиот народ му е кристално јасно дека велепредавниците се уценети и мора до крај да се обидат да ја распродадат Македонија.  Грција и Бугарија на дело покажуваат дека никогаш нема да го прифатат и признаат постоењето на Македонскиот национален идентитет. Сите други тврдења дека со договорите со Бугарија и Грција се зајакнува Македонскиот национален идентитет се млатење празна слама!

Наместо нашата предавничка Влада да бара почитување на основните човекови права за нашите Браќа и Сестри во Бугарија и Грција, тие се занимаваат со поклонување пред нашите окупатори на Пиринска и Егејска Македонија. Нека го погледнат Букурешкиот Договор од 1913 година и со тоа ќе им стане јасно не само ним, туку и на цела Европа која е вистината и што точно е запишано во историјата.

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ОСТАВКА ОД НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! САМО ИЗБОРИ СЕ СПАС ЗА ТАТКОВИНАТА! ИЗРОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ОДГОВАРААТ!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,  

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски