Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со општина Прилеп и локалното здружение на Македонско-руско пријателство денеска ќе положат венци на споменикот на руските војници погребени на германските воени гробишта во Прилеп.
Настанот, како што е наведено во соопштението од руската Амбасада, се организира по повод Денот на сеќавањето загинатите за време на Првата светска војна, кој се одбележува и во Русија. Во чест на загинатите војници ќе биде одржана и панихида. д