Касами: Партиите да работат граѓаните да имаат можност да се изјаснат на референдум

Билал Касами, лидер на крилото на БЕСА која е во опозиција по лидерската средба во Клубот на пратениците изјави дека го поздравуваат договор во делот на ДИК, во делот за финасирање на политичките партии и за организирање на изборите од страна на техничка влада по моделот на Пржино.

– Во делот на организирање на референдум се надевам дека сите политички партии ќе рефлектираат и ќе работат референдумот да биде успешен, а граѓаните да имаат можност да ја изразат својата волја за едно многу важно прашање, рече Касами.

Тој додаде дека влезот на Македонија во ЕУ и НАТО е многу важен за земјата.