Мицкоски: Референдумското прашање мора да биде еднозначно

Главните разлики меѓу владеачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ  на денешната лидерска средба, според претседателот на оваа партија Христијан Мицкоски биле околу карактерот на референдумот и содржината на евентуалното референдумско прашање. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, околу  е дека референдумското прашање мора да биде еднозначно, онака како што предвидува Законот.

– Се обидовме правно да го аргументираме нашиот став и да спречиме евентуално понатамошно насилие во делот на распишување на референдумот, но и евентуалното дефинираме. Не можеме да се согласиме со прашање со повеќе значења. Прашањето треба да се однесува само на договорот. Нашата позиција е јасна и таа е партиски став дека референдумското прашање  мора да биде еднозначно што впрочем го дефинира и самиот Закон за референдум, но и самиот Устав, односно да има едно значење, а не да биде поврзувано со повеќе значења, изјави Мицкоски по средбата.

Тој изрази уверување дека ќе ги приближат ставовите во однос на успешноста на референдумот, кој, нагласи, според Уставот треба да исполни два кумулативни улови, излезеноста да биде 50 отсто плус еден, и минимум 50 отсто плус еден од тие што излегле на тој референдум да гласа „за“ или „против“ на евентуалното референдумско прашање.

– Тоа е она кое што подразбирало успешен референдум кое повторно ќе кажам може да го распише единствено парламентарното мнозинство, и тука ние како опозиција се обидуваме да влијаеме во делот на тоа да не повторно се кршат законите, процедурите и Уставот, да биде тоа на еден нормален начин што ќе биде соодветен на законите и Уставот, со други зборови ги штитиме интересите на граѓаните, рече Мицкоски.

Оцени дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во својата изјава кажал многу лични квалификации за него.

Мицкоски се наврати уште еднаш на првиот дел од денешната лидерска во рамки на која беше постигната согласност за изборот на ДИК по старoто законско решение со двотретинско мнозинство, Законот за финансирање на партиите и избор на техничка Влада според Пржинскиот концепт при редовни или вонредни избори, што беа и нивни барња.

Запрашан од новинарите какво треба да биде референдумското прашање, нагласи дека тоа мора да се однесува само на договорот, бидејќи договорот е тој кој што од името на граѓаните, Владата на Република Македонија го потпишала на 17. јуни Псарадес. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *