Рот на средба со Османи

Државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, денеска ќе има средба со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На средбата ќе стане збор за подготовките за процесот на скрининг, актуелните политички случувања во контекст на подготовката на претстојниот референдум во однос на Договорот со Грција, како и останати теми поврзани со европските интеграции на Република Македонија, информираат од кабинетот на Османи.

Средбата ќе се одржи во просториите на Секретаријатот за европски прашања.

Германскиот министер Рот вчера по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров порача дека Македонија направи историски чекор е направен кон НАТО и ЕУ, и оти би било трагично ако тој пат се попречи.

 

– Без решение за спорот за името нема конкретна перспектива за ЕУ  и за НАТО. Сега е направен исчекор на тој пат. Ова е голем успех, историски пробив и би било трагично ако кон натамошниот пат кон ЕУ биде попречен, ако не постои подготвеност во оваа земја во однос на прашањто на ЕУ, Уставот, изборното право. Треба да постои конструктивна соработка. Владата носи посебна одговорност за сето ова, но и опозицијата носи одговорност, порача  државниот министер надлежен за Европа во Министерство за надворешни работи на Германија Михаел Рот.