Самостојна изложба „Меморија“ на Јана Куновска

Во Центарот за култура во Гостивар вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Јана Куновска, насловена „Меморија“.

Авторката ќе се претстави со 11 дела голем формат во мешана техника, масло на платно и јаглен. Поголем дел од делата се во формат 160 на 110 см, а има и од 200 на 100 см.

Јана Куновска дипломирала во 1987 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Танас Луловски. На ФЛУ и магистрирала во 2007, а сега подготвува докторски студии на Метрополитан во Белград.

Реализирала повеќе од 40 ликовни изложби во Македонија и низ светот – во Линколн центарот во Њујорк, во повеќе градови во Хрватска, во Германија, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина… Подготвува самостојна изложба во галеријата „Озон“ во Белград за март 2018 година.

One thought on “Самостојна изложба „Меморија“ на Јана Куновска

  1. This article is fantastic! The insights provided are very valuable. For those interested in exploring more, check out this link: LEARN MORE. Looking forward to the discussion!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *