Наградата „Бели мугри“ за Надица Лешникоска

Поетесата Надица Лешникоска од Скопје е годинашен лауреат на наградата „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст, што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“.

Лешникоска е наградена за збирката поезија „Кирија за срце“. Наградата ќе и биде врачена на 22 декември во 19 часот на традиционалната манифестација „Денови“, која Домот ја организира на денот на раѓањето на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин.

Надица Лешникоска е магистер по мир и развој во областа на мировната дипломатија, а пишува поезија од рана возраст. Во 2005 година ја објавила својата прва збирка поезија „Копрена” за која ја доби наградата „Даница Ручигај” за најдобра дебитантска поетска книга.

Објавува поезија во македонската и во балканската периодика, а застапена е и во „Мостови” – избор поезија од поетите-дебитанти, кандидати за наградата „Мостови на Струга” за 2006 година.

One thought on “Наградата „Бели мугри“ за Надица Лешникоска

  1. Wow, wonderful weblog format! How long have you ever been running a
    blog for? you made blogging glance easy. The entire glance of your site is great, as neatly as the content material!
    You can see similar here dobry sklep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *