Прирачник за иселеници, сликовница за изучување на мајчин јазик и Веб-страница ќе промовира денеска директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, како нови проекти на оваа институција.
Промоцијата ќе биде во просториите на Македонската опера и балет, а треба да се обратат министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов и проф. д-р Верица Јанеска од Економскиот институт.