Почитувани,

 

Коалициониот партнер на Грчкиот Премиер, Панос Каменос продолжува да ја ниша Владата на Алексис Ципрас. Тој во последното интервју за Грчката ТВ Антена повтори дека нема да дозволи Договорот Заев-Ципрас да помине со обично мнозинство, туку ќе мора да биде одобрен од 180 Грчки пратеници. Каменос, како актуелен Министер за одбрана на Грчката Влада оцени дека поканата за НАТО за Македонија нема да има никаква тежина и нема ништо да промени во однос на она што се случи на Самитот на НАТО во Букурешт пред 10 години. Не само што не го прифаќа терминот Македонија во решението на спорот, туку прогнозира дека од Договорот Заев – Ципрас на крајот нема да има ништо!

 

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

 

На сите во Татковината им стана јасно дека Заев, Димитров и Шекеринска немаат обезбедено никакви гаранции дека Македонија заради нивниот кукавичлак ќе добие експресно членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Одложувањето за јуни 2019, кога нов состав на Европскиот Парламент и нови Еврокомесари повторно ќе оценуваат дали Македонија ги исполнила условите за почеток на преговорите е дипломатска шлаканица за нивните шарени лаги! Во Грција тогаш нов Премиер ќе биде Кирјакос Мицотакис кој уште од сега јавно се обврза дека ќе го ревидира Договорот Заев – Ципрас. Нема никаква дилема дека виси и ратификацијата во Грчкиот Парламент и покрај смирувачките тонови на Коsијас.

 

НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ! ДА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!

 

Македонскиот народ не сака фалсификат референдум за неважечкиот Договор Заев – Ципрас! Македонскито народ бара предвремени парламентарни избори на кои сака политички да ги казни предавниците! Македонската Алијанса ги повикува СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да не губат време на договарање референдум. Бараме итни измени на Изборниот закон, воведување на една изборна единица со отворени листи. Како гаранција дека изборите ќе бидат фер и демократски инсистираме да се формира техничка Влада со исклучива надлежност за спроведување на изборите. Премиер на таа Влада да биде Македонец од Дијаспората кој не бил претходно дел од штетните политички пазари за Татковината!

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                           МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА

SHARE