Писмена реакција за ставовите на Коsијас, Каменос и Кумуцакос

Почитувани,

 

Македонската Алијанса бара од немакедонската Влада, која го слави својот предавнички чин, да и го соопшти својот став на пошироката јавност за овие три факти:

 

Прво, потписникот на договорот од Грчка страна, Никос Коsијас, во првата прилика не нарече „северномакедонци“. Нели според Заев, Димитров и Шекеринска, “историскиот договор“ го зајакнуваше Македонскиот идентитет? Второ, Панос Каменос јавно се закани дека ако Грчкиот Премиер не му го прифати барањето, договорот во нивниот Парламент да се ратификува со 180 пратеници, ќе излезе од коалиција и ќе ја турне нивната Влада. Ова неминовно упатува на фактот дека Заев, Димитров и Шекеринска немаат ниту гаранции дека и по некое чудо да го спроведат своето велепредавство, Грција тоа нема намера да го есапи. Трето, Јоргос Кумуцакос од Нова Демократија која е извесен победник на следните избори во Грција, вети дека нивната Влада или ќе го ревидира и смени договорот. Еј ајде сега Заев, Димитров и Шекеринска нека му објаснат на Македонскиот народ дека со нивниот кукавички чин ЕУ и НАТО членството се сигурни.

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

 

Заев, Димитров и Шекеринска се нафатија да го продадат Уставното име, да ја сменат историјата учебниците и преамбулата, да им ги сменат имињата на сите Државни институции, да се откажат од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Голо Брдо, Гора, да го продадат и древниот Македонски симбол – сонцето од Кутлеш, да признаат дека Грците се ексклузивни наследници на античката цивилизација, а Грците си играат мајтап и продолжуваат со својот средновековен иредентизам. Поразително и срамно!

 

Изродите на Македонскиот народ мора побрзо да станат свесни дека сега веќе нема референдум. Имаа шанса да го прашаат народот дали е за прекин на преговорите пред да ја предадат Татковината, но ја пропуштија заради тоа што се уценети и алчни за гола власт. Македонскиот народ веќе го одби договорот. Договорот на Заев и Ципрас нема никаква правна важност за Македонскиот народ, освен да биде доказ за нивната кривична одговорност.  Македонија била, е и ќе остане Македонија! Македонскиот народ ќе ги казни штетните и немакедонски политики на предавниците на Татковината!

 

 

 

                                                                                          Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА