Писмена реакција за ставот на Грчката Влада за МПЦ

Почитувани,

Во врска со ставот на Грчката Влада дека Премиерот Зоран Заев и Светиот Синод на МПЦ побарале од Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со бришење на името Македонија да биде признаена автокефалноста Охридската Архиепископија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса сака да верува дека Светиот Синод на МПЦ-ОА не влегол во некаква авантура за загрозување на Македонскиот национален идентитет. Црковните власти својот легитимитет го црпат од Македонските верници кои векови наназад заштитата од крвниците на Македонскиот идентитет ја гледаат токму во Црквата. Сигурни сме дека Светиот Синод е свесен дека таквиот евентуален грев Македонскиот народ никогаш нема да им го прости! Напротив, Македонскиот народ очекува поддршка од Светиот Синод на МПЦ-ОА и заедно рамо до рамо да го браниме светото христијанско и вековно име Македонија!

Клучното прашање уште каква се не потврда им е потребна на  Заев, Димитров и Шекеринска за да се уверат дека фундаментот на Грчките уцени и барања е обезличувањето на Македонскиот народ? Ставот на според Заев „пријателскиот“ Грчки Премиер Ципрас за неговото писмо и писмото на Светиот Синод на МПЦ-ОА до Вселенската Патријаршија е скандалозен и ги покажува нивните вистински намери.

Дали со ваков став на Грчката Влада, Заев, Димитров и Шекеринска ќе договарат решение кое ќе го зајакне Македонскиот национален идентитет? Ај не бидете наивни!

БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА СУДБИНАТА НА ПРЕГОВОРИТЕ!

Ниту еден политичар или партија нема мандат за да го распродава светото Македонско име и национален идентитет. Сакаме да знаме дали Заев, Димитров и Шекеринска се подготвени да прифатат Горна или Северна Македонија за ново Уставно име? Тие пред воопшто и да помислат да стават потпис на нов меѓународен договор треба прво да го прашаат Македонскиот народ дали се согласува со промена на Уставното име! Македонскиот народ конечно мора да се изјасни дали одобрува политичарите во негово име да преговараат за светото Македонско име и идентитет!

Македонскиот народ поминал низ многу премрежја, ќе го помине и атакот на оваа кукавичка гарнитура и ќе излезе посилен од било кога. Никогаш нема да аминува ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски                    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *