Јавна дискусија: Процесот на помирување во Западен Балкан и Турција: состојба во РМ

Јавна дискусија на тема:„Процесот на помирување во Западен Балкан и Турција: состојба во Република Македонија“ ќе се одржи денеска во рамки на регионалниот ИПА проект „Поделено минато – заедничка иднина“.

На дискусијата воведно излагање ќе има Тоше Зафиров, истражувач од Прогрес Институт за социјална демократија, проф. д-р Рубин Земон, посебен советник на премиерот за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните и д-р  Александар Спасов од Правниот факултет „Јустинијан Први”.

Главна цел на проектот „Поделено минато – Заедничка иднина“ е граѓанските организации да бидат препознаени од владите во регионот како важен општествен фактор со силен капацитет за градење на мир и помирување. Проектот вклучува 18 организации од повеќе земји со различни вештини и области на екпертиза. Со комбинација на овие специфични можности проектот се базира на широка соработка и вмрежување на партнерските организации.

Партнерски организации од нашата земја вклучени во проектот се Младински културен центар – Битола и Прогрес – Институт за социјална демократија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *