Писмена честитка по повод 1000 години постоење на Охридската Архиепископија

Почитувани,

Од мое лично име и од името на Македонска Алијанса сакам да упатам честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани по повод овој голем ден за Охридската Архиепископија.

Еден милениум постоење на заштитникот на Македонскиот идентитет, еден  милениум постоење како духовна и морална поткрепа на Македонскиот народ е повод за одбележување и празнување во сите Македонски срца.

За постоењето на нашата црква уште од дамина се податоците од основањето на првата автокефална црква од страна на Цар Самоил во Охрид, што само го докажува фактот дека Македонскиот народ е исконски со култура длабоко врежана во нашата историја.

Дополнително Охридската Архиепископија е првата словенска православна црква што уште повеќе допринесува во нејзиното значење не само во нашата Татковина туку и пошироко на овие простори. Иако оспорувано, нејзиното значење е несомнено.

За Охридската Архиепископија како и за нејзините верници и приврзаници посакувам уште многу години постоење, крепење на духовниот мир и градење на вистинските вредности во нашата држава.

Можеби старите рани и непрекинатите битки нема да престанат, но како и секогаш гордо и достоинствено мора да се чекори напред по нашиот пат на моралот и вистината.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *