Коѕијас: Конечниот договор во рацете на премиерите на двете земји

Министрите за надворешни работи завршија со нивниот дел, преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името.

– Двајцата министри за надворешни работи завршивме со она што го презедовме  од премиерите на двете земји. Денеска и веројатно утре, ќе продолжат преговорите  на експертско ниво – она што треба да се реши се техничко – правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *