Протести за „грчкиот карактер на Македонија“ низ повеќе градови во Грција

За 6 јуни во 19.30 часот, организаторите на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Последните случувања во преговорите за името е главниот повод за новите активности, според „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ што се јавува како организатор.

По Солун и Атина, како што соопштуваат организаторите, сега се во контакт со локалната администрација за одржување протести во други градови, но и за добивање поддршка „во борбата на грчките граѓани против распродавањето на името на Македонија“.

-Преку овие протести, Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија ќе се обиде да ги потсети политичарите во земјата дека грчкиот народ донесе одлука во врска со името на Македонија и бара примена на одлуките. Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија ѝ разјаснува на грчката Влада дека ниту едно име што го вклучува терминот „Македонија” не може да биде прифатено од страна на грчката страна, пишува во соопштението на организаторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *