Интересни и пред се неизвесни двојки беа извлечени во Нион за осминафиналето од Лигата на шампиони. Се чини најмалерозен беше Реал од Мадрид, кој за противник го доби нескриениот аспирант за титулата оваа сезона, ПСЖ, во кој извонредно играат Нејмар, Кавани и Мбапе. Со оглед на променливата форма во која есенва настапуваат “кралевите”, ќе им биде навистина тешко да ја минат оваа пречка.
Не помалку тешко ќе им биде и на фудбалерите на Барселона, кои за противник го добија англискиот Челзи, а се чини најлесна задача, барем според имињата на противниците доби Баерн од Минхен, кој ќе се сретне со турскиот Бешикташ.
Манчестер Сити е фаворит во дуелот со Базел, а неизвесно ќе биде на натпреварот меѓу Јувентус и Тотенхем.
Двојки за осминафинале од ЛШ
Реал М. – ПСЖ, Челзи – Барселона, Базел – Манчестер Сити, Севиља – Манчестер јунајтед, Порто – Ливерпул, Шахтјор – Рома, Баерн – Бешикташ, Јувентус – Тотенхем