Писмена реакција за преговорите за името

Почитувани,

 

Во врска предлогот„ Република Илинденска Македонија“ кој според неофицијални информации на средбата на Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија бил ставен на маса како прифатлив за двете страни, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Срамно, трагично и кукавички е Заев, Димитров и Шекеринска да молчат и да се кријат, а нивните мегафони неофицијално да лиферуваат и да го тестираат нивниот предлог.

 

ТАТКОВИНАТА НЕ МОЖЕ И ПОНАТАМУ ДА СЕ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО!

 

Бараме Заев да излезе и јавно да одговори дали негов предлог е Република Илинденска Македонија да биде Уставно име?

 

Јасно е дека за Грција ова име е прифатливо бидејќи содржи историска, а не географска одредница. Го загрозува Македонскиот идентитет бидејќи ваквото решение остава простор народот да се нарекува Илинденци наместо Македонци, утврдувајќи ги како нов народ и нова, млада Држава, што историски не е точно!  Ги брише античките корени на современите Македонци и им дава право на Грците да се преставуваат како единствени наследници на Александар Македонски. Многу е тешко ова име да се изговори на англиски јазик и тоа е Грчка цел од самиот почеток, бидејќи нивната почетна позиција беше слеано име без превод. Особено интересно е Заев, Димитров и Шекеринска да објаснат што значи ова за Бугарија која тврди дека Илинденското востание е Бугарско востание? Ако е точно дека предлогот на Заев е националноста да се одредува како државјани на Република Илинденска Македонија, тогаш Бугарските националисти ќе си добијат право да го негираат Македонскиот идентитет и да тврдат дека Македонците се Бугари. Со ова Македонија и Македонскиот народ одат во заборав!

 

Татковината не е лична сопственост на Зоран Заев. Ако тој дал ветување и сега мора да го спроведе тоа е негов проблем. Но тој мора да има на ум дека тој има мандат само самиот да се прекрсти и тоа кум да му биде лично Алексис Ципрас!

БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ ВЕДНАШ!

 

Македонскиот народ никогаш нема да прифати обезличување и никогаш нема да верификува ВЕЛЕПРЕДАВСТВО. Сите евентуални ветувања и потписи на актуелните функционери нема да имаат никакава правна важност. Ќе бидат ништовни а тие што ќе се дрзнат да се потпишат и да станат предавници ќе мора да се соочат со сопствената одговорност пред Македонскиот народ. Доцна е за лидерски средби. Македонската Алијанса смета дека единствен излез од ова лудило се брзи предвремени парламентарни избори заедно со референдум на кои Македонскиот народ како единствен суверен владетел на името и идентитетот ќе ја одреди судбината на преговорите за името.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски                    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *