Писмена реакција за преговорите за името

Почитувани,

 

Во врска со средбата на Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Од каде Зоран Заев знае што е прифатливо за Македонскиот народ? Дали го прашал сопствениот народ пред да влезе во оваа негова авантура? Каква е таа опција која била прифатлива за двете страни? Слушаат ли Заев и Димитров што зборат Грчкиот Претседател Павлопулос и лидерот на Грчката опозиција Мицотакис деновиве? Со кој мандат актуелниот Премиер прифаќа или се изјаснува за нешто што е суверено право исклучиво на Македонскиот народ?

 

ТАТКОВИНАТА НЕ МОЖЕ И ПОНАТАМУ ДА СЕ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО!

 

Република Македонија не е приватна фирма на Зоран Заев и Никола Димитров за да тргуваат со Уставното име и идентитетот на целиот Македонски народ! Ако тие решиле да се прекрстат и да прифатат Грчко кумство, тогаш нека си ги сменат нивните и имињата на нивните деца! Нека ја остават на мира Македонија и Македонскиот народ! Македонската Алијанса бара јавно да се соопшти што е тоа што до денес било договорено? Каков е тој заеднички напредок кој во Софија го констатирале Заев и „големиот пријател на Македонија“ Ципрас? Македонската Алијанса и Дијаспората сака да знае дали Премиерот Зоран Заев прифатил промена на Уставното име?

 

Нашата порака е јасна! Секоја евентуална согласносност дадена од Заев, Димитров и Шекеринска немаат да имаат никаква правна важност и ќе бидат третирани како нивен личен предавнички и кукавички чин за кој ќе мора да се соочат со сопствената одговорност.

 

БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ ВЕДНАШ!

 

Македонскиот народ на брзи предвремени парламентарни избори заедно со референдум ќе ја одреди судбината на преговорите за името. Сакаме во ЕУ и НАТО но не обезличени, понижени и со предаден идентитет! Нема да дозволиме ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *