Лидерката на БСП: Верувам дека наскоро ќе се реши спорот за името

Верувам дека Грција и Македонија наскоро ќе го решат спорот за името. Ја имате нашата поддршка уште повеќе и од времето на владеењето на БСП, изјави лидерката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова за време на средбата на левичарските лидери и премиери од ЕУ и Западен Балкан, на маргините на Самитот во Софија, јави известувачот на МИА од главниот град на Бугарија.

– Бугарија влезе во ЕУ, добро ги познаваме процесите низ кои треба да се мине, така што сме подготвени да помогнеме за се што е потребно. Се надеваме дека и следната држава претседавач и таа по неа ќе ја смета за приоритет интеграцијата на регионот, така што процесот, кој почна во Софија да продолжи и да заврши со успех,  истакна Нинова.

Нагласи дека БСП иако е опозиција и често има остри спорови со Владата, сепак се единствени во однос на претседателството со ЕУ.

– Интеграцијата на Западен Балкан е пат за развој на Европа, пат на стабилност, за мир во регионот, за економски просперитет и социјална благостостојба. Се радувам дека Алексис Ципрас, Зоран Заев и Еди Рама се тројца премиери од нашето политичко семејество и им посакувам успех, додаде таа. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *