До 31 декември продолжува кризната состојба поради мигрантите на јужната и северната граница

До 31 декември оваа година ќе биде продолжена кризната состојба на подрачјата на јужната и северната граница на Република Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, а на пленарна седница е ставена на 21 мај.

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, а на дневен ред е Предлог-законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти, во прво читање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *