Писмена реакција за преговорите за името

Почитувани,

Во пресрет на најавената средба меѓу Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија во четврток, а во контекст на информациите кои денес ги пласира Грчкиот весник „Катимерини“ Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Грција нема кредибилитет да гарантира исполнување на нов меѓународен договор. Грција е осудена земја од Хашкиот Суд заради непочитување на Времената Спогодба. Заев и Димитров се коцкаат со Уставното име и Македонскиот идентитет влезени во тешка замка. Владата на Ципрас сака да ја замени за нив неповолната Времената Спогодба со нов меѓународен договор. Меѓутоа, со новата временска рамка официјална Атина инсистира Заев да стори политичко самоубиство и да прифати промена на Уставното име.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДОСТА ОД ПОНИЖУВАЊЕ И СЕРВИЛНОСТ!

Меѓународните спонзори на решение на спорот за името по мотото „сега или никогаш“ треба да ја притиснат Грчката Влада. Не може на Грција вечно да и се гледа низ прсти. Кога може цела Европа да плаќа за Грчките долгови тогаш може за нив да важат и меѓународните норми. Ако стратешки интерес на САД, Велика Британија и Германија е влез на Македонија во НАТО заради спречување на Руското влијание на Балканот, тогаш Грција не смее и понатаму да уценува. Има важечка Времена спогодба и согласно истата Македонија треба веднаш да добие покана за полноправно членство во Алијансата. Се додека ова не се исполни преговорите се БЕСПРЕДМЕТНИ!

Македонската Алијанса и Дијаспората сака да знае Премиерот Зоран Заев кои позиции ќе застапува во Софија. Нашата порака е јасна! Секоја авантура и евентуален потпис на некаков меѓународен договор ќе биде третиран како негова лична авантура без правни имликации за Татковината, за која ќе мора да понесе сериозна одговорност. Ниту еден лидер, партија и коалиција не е поголема од Македонскиот народ. Наводниот план кој го заговараат Заев, Димитров и Шекеринска, Премиерот да стави потпис на предавнички договор до јуни, а дури после 10 месеци да организира претседателски, предвремени парламентарни избори, заедно со референдум, е нивен есап без крчма!

БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ ВЕДНАШ!

Македонскиот народ на брзи предвремени парламентарни избори заедно со референдум ќе ја одреди судбината на преговорите за името. Македонскиот народ никогаш нема да одобри велепредавство заради влез во ЕУ и НАТО!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *