Македонскиот репрезентативец од редовите на Палермо, Александар Трајковски, ја “завери” победата на својот тим над Бари, постигнувајќи го вториот погодок во 69 минута. Палермно славеше на гостувањето во Бари со 3-0. Ова е втор гол на Трајковски оваа сезона.
Поради повреда, натпреварот го пропушти вториот наш репрезентативец и капитен на Палермо, Илија Несторовски.
Со оваа победа, Палермо се искачи на врвот на табелата со 32 бода, додека Парма и Фросионе имаат по 30.