ВАРДАРКИ ПОВТОРНО НЕ УСПЕАЈА

Ѓер го освои златниот медал во Лигата на шампиони во женска конкуренција. Би рекле сосема заслужено. Иако емопциите сеуште ни работат, жалта за пропуштената шанса да се застане на кровот на европа сеуште не држи, мораме да признаеме, унгарките го заслужија златото.

Навистина малку недостасуваше да бидат сменети улогите, па вардарки да бидат златни, но треба сами да се запрашаат зошто не е така. Имавме водство на 18 секунди до крајот на натпреварот, имавме уште 9 секонди напад по примениот гол, но не успеавме ништо од тоа да материјализираме. Спортот не призннава импровизации. Готово е кога ќе заврши времето. А само еден фаул на 18 секонди до крајот ќе беше доволен за конечна победа. Тоа искусните интернационалки на Вардар требаше и мораше да го знаат. Не требаше да им се дозволи на унгарките да дојдат во позиција за удар, но наместо тоа тие успеаја да изведат брз напад, и за само пет-шест секонди да ни дадат гол. Нема простување. Сега солзите се тие што треба да надоместат се што е пропуштено. Џабе. Ќе остане запишано дека во сезоната 2017/18 освојувач на ЛШ во женска конкуренција е Ѓер.

SHARE