Промоција на „До ре ми фа Соле“ од Аки Нуредини

Во рамки на Мајските оперски вечери вечер од 20 часот ќе биде  промовирана книгата „До ре ми фа Соле“ од Аки Нуредини кој потекнува од Камењане, а живее во Виена и е сопственик на познатиот италијански ресторан „Соле“ во близина на Виенската опера.

– Ќе се обидеме да ви ја приближиме животната приказна на еден од најстрасните љубители на операта, гостопримливиот сопственик на уникатното „Соле“, оперската сторија полна анегдоти поврзани со местото кое е инспирација и извор на многу нови идеи, претстави и пријателства. Овој интересен животопис на Нуредини и е веќе достапен на меѓународната јавност преку неговата книга. За нашиот сонародник зборуваат самите дела. Тој е вистински амбасадор, голем хуманитарец, вистински пријател и почесен граѓанин на мултикултурна Виена и Австрија, наведува Македонската опера и балет.

Книгата е создавана триесет години и е документирано сведштво за влијанието и значењето на неговото гастрономско катче во кое се вкрстуваат политиката, културата и уметноста.

Во присуство на авторот, книгата во фоајето на МОБ во 20 часот ќе ја промовира познатиот италијански балетски кореограф и режисер Ренато Занела, кој бил и уметнички директор на Виенската државна опера, како и уметнички директор на Грчкиот национален балет во Атина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *