Арсовски обвини за ново задолжување од девет милиони евра

Криминалниот картел на Зоран Заев преку Министерството за финансии за денес предвиде ново задолжување од 9 милиони евра.

Ова е алармантно темпо со кое што СДСМ ја задолжува државата.

Картелот на Заев откако ја презеде власта го зголеми јавниот долг на над 5 милијарди евра, а државниот долг на над 4 милијарди евра.

Почитувани,

Психолошката граница од 5 милијарди евра задолжување е пробиена. Граѓаните се во страв и грч за својата иднина и иднината на своите семејства.

Во само првите три месеци годинава државата е задолжена за нови 300 милиони евра. Секое едно семејство е задолжено за нови 600 евра, или, едно четиричлено просечно семејство е задолжено за над 10.000 евра од вкупниот долг на Република Македонија. Секој еден човек во нашата држава, секој граѓанин има долг од над 2.500 евра според вкупниот долг на државата. И тоа само затоа што Владата на СДСМ и Зоран Заев не знае да располага со државните пари и секојдневно се задолжува.

Почитувани,

СДСМ ги задолжи граѓаните за над 5 милијарди евра, а нема инвестиции, нема нови работни места, нема повисоки плати и пензии, нема повисоки стипендии за студентите, нема нови студентски домови. Додека пак едноставно нема ништо капитално како проект реализирано од владата на Зоран Заев.

Заев и останатите од картелот не кажуваат каде завршуваат и каде се инвестираат парите кои што тие ги задолжуваат граѓаните.

Во меѓувреме, додека психолошката граница на задолжување помина од 5 милијарди евра, трошоците за живот се се поголеми, а цените на мало растат. Тоа секојдневно ни го потврдуваат и граѓаните кои што не сретнуваат, дека животот е значително поскапен за разлика од пред една година, односно поскапен откако дојде СДСМ на власт. Граѓаните немаат повисоки плати и пензии, а трошоците за живот се се поголеми.
Па така, цените на мало во април годинава се зголемени за 3% во однос на април лани, додека пак вкупните трошоци за живот се зголемени за 1.4%.

Почитувани,

Стандардот секојдневно опаѓа. Платите во февруари оваа година, во однос на јануари се пониски за дури 867 денари.

Почитувани граѓани,

Ова ли е животот кој го ветуваше СДСМ? Ветуваа живот, изградија криминален картел. Ветуваа високи плати и пензии, ветуваа пари, а тие само донесоа беда која што се гледа секојдневно по улиците.

Заев и криминалниот картел мора веднаш да си заминат од власта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *