Грчките организации од дијаспората бараат од Коѕијас прекин на преговорите

Грчките „Семакедонските сојузи од светот“, во допис до министерот за надворешни работи Никос Коѕијас бараат прекин на преговорите за името .

Како што јави дописничката на МИА од Атина, станува збор за грчките организации кои беа дел од организаторите на протестите во Солун и Атина за „одбрана на името Македонија“.

„Веднаш треба да се прекинат преговорите и да запрете да го понижувате достоинството на Грците во целиот свет, со отстапливоста и со вашето инсистирање да им го подарите името Македонија на робовите од Скопје“, му пишуваат на Коѕијас и велат дека тој има обврска да ја земе предвид одлуката од лидерската средба во 1992 и несогласувањето на грчкиот народ за постоење на името Македонија во името на „соседната централно- балканска држава“.

Во дописот пишуваат дека, според објавените информации, „јасно е дека преговорите се стигнати до ќорсокак“ поради неприфаќањето на ерга омнес име и уставна промена од македонска страна.

-Не постои никаква причина, Вие, претставувајќи ја грчката страна понижувачки да молите да продолжат преговорите кога веќе направивте болни и историски неточни отстапки, прифаќајќи сложено име кое го содржи терминот Македонија, му пишуваат на Коѕијас од „Семакедонските сојузи од светот“.

Писмото го потпишуваат организациите од САД, Австралија, Канада, Африка и Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *