Груевски поднесе оставка, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се избира на конгрес на 22 и 23 декември

ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес на 22 и 23 декември ќе избиран нов партиски претседател откако Никола Груевски поднел неотповиклива оставка на денешниот состанок на Централниот комитет на партијата.

На вонредниот конгрес во Валандово, како што информира ганералниот секретар Христијан Мицковски, ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.

Иако засега нема официјална потврда, најсериозни кандидати за челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, се Мицковски, Никола Попоски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски.

Генералниот секретар Мицковски, пред состанокот на ЦК потврди дека не е исклучена можноста тој да биде кандидат за партиски лидер.

Милошоски, пак, рече дека се уште не решил дали ќе се кандидира за наследник на Груевски. Според него е важно да има транспарентен конгрес.

– Помалку е битно новото име за претседател на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција, истакна Милошоски.