Струмица го слави заштитникот на градот Светите 15 Тивериополски свештеномаченици

Со света божествена литургија која се одржа во храмот на заштитниците, Светите 15 Тивериополски свештеномаченици во Струмица, почна чествувањето на денот на заштитниците на градот.

На литургијата со која чининачалствуваше митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на митрополитот струмички г. Наум и свештениците на струмичката епархија, присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, советници, претставници на политички партии.

Во моментов е во тек свечена седница на Советот на општина Струмица, на која ќе се доделат годишните награди и наградата за животно дело.

Изутрината беа наградени и најдобрите автори на литературни творби на тема Струмица, што го организира Градската библиотека „Благој Јанков Мучето“.

Неколкудневните празнични активности ќе завршат вечер со промоција на книга на фотографии „МОНОС“ и изложба на Александар Дончев и заеднички годишен концерт на „Распеани струмичани“ и ансамблот „Тримери“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *