Писмена реакција за ангажманот на Командат Хоџа

Почитувани,

Во врска со денешната писмена потврда од Владата дека Џезаир Шаќири – Командант Хоџа е ангажиран како надворешен советник на Премиерот Зоран Заев, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Владата на Зоран Заев на најдрзок можен начин му го честита Денот на безбедноста на Македонскиот народ.  Ангажманот на поранешен Командат на ОНА, кој се наоѓа на црната листа на САД, осомничен за напад и убиство на полицаец за советник на Премиерот за безбедност и борба против радикализмот е срамно и кукавички. Човекот кој се фалеше дека го држи под окупација Танушевци сега ќе го советува Заев ! Радикал по убедување ќе го советува Премиерот како да се бори против радикализам! Дали Владата на Зоран Заев воопшто има компас и национално чувство? Зарем стотина радикални Албански гласови кои СДСМ се обидува да ги прокнижи на свое конто се поважни од достоинството на Македонскиот народ? Се чувствува ли Зоран Заев барем малку понижено што Командант Хоџа јавно се фали дека направиле трампа слободно Танушевци за советничко место во Премиерскиот кабинет? Вистина ли е ова тврдење?

Македонската Алијанса одамна предупредува дека негативните последици од предавничката амнестија на Хашките случаи многу долго ќе ги чувствуваме. Затоа ни се случи Талат Џафери да биде Министер за одбрана и Претседател на Македонското Собрание, затоа ни се случува Командант Хоџа денес.

БУДИ СЕ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ! ДА ЗАСТАНЕМЕ НА БРАНИКОТ НА ТАТКОВИНАТА!

Македонската Алијанса бара предвремени парламентарни избори! Татковината заслужува нови политички сили кој знаат да се изборат за Македонските национални интереси и да обезбедат сигурна иднина за Македонскиот народ!

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *