Пратениците да бидат вклучени во фазата на креирање на Буџетот

Пратениците треба навреме да се вклучат во фазата на креирање на Буџетот односно од почетокот на буџетскиот процес за да имаат јасна претстава за сите проекции во буџетот, ова е едно од укажувањата што го посочиле претставниците на  Меѓународниот монетарен фодн, кој денеска имаа средба со претседателката и членови на собранискиот Буџетски совет.

Претседателката на Буџетскиот совет Фросина Ташевска Ременски по средбата со нив кажа и дека на средбата биле искажани одредени прашања кои беа третирани како слабости од страна на Собранието, а тоа е неупатеноста на сите пратеници да можат да го читаат и да го толкуваат буџетот имајќи предвид дека сите пратеници не се економисти и не доаѓаат од области коишто покриваат економија и финансии и за да можат да ги следат овие програми и подпрограми.

– Во однос на она што се сугерира не би можела да кажам стриктно што е во делот на Собранието, но беа оценети високо напорите на Владата за отворање на самиот буџетски процес, транспаретноста во делот на објавувањето на трошоците, квартално на шест месеци што значително влијае на успешноста на сите економски аналитичари, па, и на пратениците навремено да се запознаваат со расходите на буџетот на РМ имајќи предвид дека ние гледаме и ребаланс и завршна сметка и без информации за пратениците тоа би одело многу потешко, но сега е подобрено имајќи предвид дека Министерството за финансии објави многу податоци кои беа недостапни, рече Ташевска Ременски.

На средбата се зборувало за значењето на транспаретноста во работењето на институциите, била поздравена транспаретноста во делот на фискалните извештаи кои се објавуваат од страна на Министерството за финансии и секако, како што рече потпретседателката на Собранието, можностите и потребите кои ги имаат пратениците во Собранието во фазата на подготвување на Буџетот.

– И тука е улогата на Буџетскиот совет во креирањето на буџетот за Собранието. Ги запознав претставниците на ММФ со идните планови на Собранието од аспект на Буџетскиот совет, тоа е усвојувањето на стратешкиот план за работа на Собранието 2018 – 2020 година, каде што сериозен акцент ставаме на отпочнување на процес за зајакнување на финансиската независност на Собранието од извршната власт преку водење соодветни консултации со ресорното Министерство за финансии и со Владата околу планирањето на средствата за Собранието, меѓутоа секако и за зголемување на надзорната и финансиската функција на Собранието во делот на финансиите, рече Ташевска Ременски .

Додаде дека и Собранието ќе ја зајакне фискалната транспаретност имајќи предвид дека и оваа институција има дел во Буџетот на РМ.

– Во делот на трошењето на буџетските средства планираме да направиме една соодветна анализа во Буџетскиот совет дали е тоа согласно закон, секако тоа не подразбира дека ќе се претвориме во истражен орган за да видиме дали имало проневери, рече Ташевска Ременски.

Во стратешкиот план за работа на Собранието и по препораките кои пратеници ги усвоиле на работната средба во Вилтон Хаус, според Ташевска Ременски се проширува надлежноста на матичните работни тела во делот на фискалната контрола и надзор, а тоа значи секое матично работно тело во Собранието да има право и можност на посебни седници да си ги гледа предлозите на ресорните министерства.

– Тоа не значи нарушување на деловничкиот процес за донесување на буџетот на РМ, но сметаме дека следењето на политиките ефикасноста, трошењето на буџетските средства е нешто што треба да биде обврска не само кога го носиме буџетот на РМ и кога го разгледуваме ребалансот туку и да ги искористиме сите можности коишто ни стојат на располагање да иницираме дебата што значи и оценка од финансиски аспект на политиките коишто се спроведуваат од страна на министерствата, рече претседателската на собранискиот Буџетски совет.

Од Вестминстер фондацијата, Собранието би добило помош при отворање на буџетска канцеларија, како една дополнителна можност за добивање фискални проекции и податоци кои ќе можат на пратениците да им овозможат многу подобро и поподробно запознавање со економските текови во Република Македонија како можност за нивно користење во предлагањето на амандмани на зкаони и фазата на носење на буџетот.

Запрашана за намалувањето на патните трошоци на пратениците, но и на сите други избрани и именувани лица таа кажа дека се работи на правилникот.

– Кога зборуваме за фискаланата транспраретност за патните трошоци јас не би ја исклучила и Владата на РМ и сите останати избрани функционери кои подлежат на тој закон, меѓутоа не се толку предмет на интерес колку што се пратениците, рече Ташевска Ременски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *