Ѓурѓовденска струшка литија

Во Струга денеска по деветти пат ќе се одржи Ѓурѓовденската струшка литија на која граѓаните ќе можат да се поклонат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.

Денот на традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.

Првпат на годинашнава Струшка литија (Еордија) ќе биде носена Пречистанската (Крнинска) икона на Мајката Божја од манастирот „Богородица Пречиста“, Кичево.

Бидејќи Струшката Литија (Еордија) прераснува во семакедонски настан и станува белег по кој се препознава убавината на земјата, годинава во знак на единството и соборноста, моштите на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, ќе бидат носени, не како досега од четворица видни граѓани на Струга, туку и од жители од другите градови – еден жител на Битола, еден охриѓанец и двајца стружани.

Меѓу другото, годинава новина на струшката литија е учеството на членовите на „Ансамбл Македонија“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *