Доделување на наградата „Гоце Делчев“

Во Собранието денеска ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2018 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Наградата, како што соопшти собраниската прес-служба, се доделува за трудовите „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“ од Славчо Ковилоски, објавен во 2017 година, за „Архитектонски конструкции1“ од авторот доц.д-р Енис Рафет Јакупи, објавен во 2017 година и за „Првите 15 македонски доајени на Медицинскиот факултет“ од д-р Дончо Донев, објавен во 2017 година.

Наградата ја доделува Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *