Во Собранието денеска ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2018 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.
Наградата, како што соопшти собраниската прес-служба, се доделува за трудовите „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“ од Славчо Ковилоски, објавен во 2017 година, за „Архитектонски конструкции1“ од авторот доц.д-р Енис Рафет Јакупи, објавен во 2017 година и за „Првите 15 македонски доајени на Медицинскиот факултет“ од д-р Дончо Донев, објавен во 2017 година.
Наградата ја доделува Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“.