ИНИЕСТА СЕ СЕЛИ ВО КИНА

Ако до пред две недели сеуште се шпекулираше дали најдобриот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста ќе го напушти клубот или ќе остане, дилеми веќе нема. На конференција за печатот која ја свика самиот, потврди дека по завршување на оваа сезона дефинитивно заминува во Кина.

-Долго размислував дали да заминам. Ова е најдобриот клуб на светот и тешко ми е да бидам тука пред вас и да се збогувам. Целиот свој живот го минав на “Ноу Камп” и голем дел од ова что сум сега е благодарение на Барселона-изјави Иниеста.

Иниеста за Барселона има одиграно 18 сезони во кои одигра 700 натпревари за сениорската екипа. освои осум титули во “Примера” и четири во ЛШ.

SHARE