ФА ПРЕД ГОЛЕМО ИСКУШЕНИЕ

Легендарниот лондонски стадион “Вембли”, кој беше изграден во 2007 година на местото на стариот “Вембли”, наскоро може да стане сопственост на палестинско-американскиот милијардер Шахид Кан, инаку сопственик на англискиот клуб Фулам. Тоа и не е некоја вест околу која би се кренала некаква голема прашина меѓу англичаните, но фактот дека Кан веќе доставил официјална понуда до ФА Федерацијата “тешка” 900 милинин фунти веќе почна да ги подгрева страстите на луѓето кои ја виодат ФА. Од друга страна, веста дека овој легендарен стадион ќе стане дом нe на фудбалот, туку на НФЛ лигата и дека на него би се играле натпревари од американскиот фудбал, ги разбесне англиските навивачи кои се посебно осетливи кога се работи за традицијата.

Имено, Кан е сопственик на “Џексонвил јагуарс”, екипа од НфЛ лигата, која на Флорида ја губи популарноста но и посетеноста. Фактот дека “јагуарс” се популарни во Англија, го доведе Кан до идеја “Вембли” да го претвори во дома на “јагуарс”, кои можеби и би се преселиле на островот. Како бонус, Кан додава дека на овој стадион би се играле финалињата на англискиот куп и би можела да го користи репрезентацијата, но само во период кога нема да трае сезоната на НфЛ.

Е сега, парите или традицијата е избор кој мора да го направат водечките луѓе на Англиската фудбалска федерација. Парите се огромни и со самото тоа доста примамливи, но дали некој од нив ќе се осмели да оди против волјата на обичните англиски навивачи е големо прашање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *