СИ ЗАМИНУВА И ЛАЗОВИЌ

Екипата на женскиот ракометен клуб Вардар, останува и без словенечката репрезентативка, Барбара Лазовиќ. По долго размислување, таа стана четвртата вардарка која ќе ги засили редовите на ЧСМ Букурешт од Романија. Пред неа потпис на договорот ставија, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.

-Секоја промена е тешка, но верувам дека правам вистински избор. Се консултирав со мојот менаџер и со некои од моите колешки и разбрав дека се работи за клуб со големи амбиции. Сеуште имам  големи цели и замисли со мојата кариера, а Букурешт е клуб кој сака и може да ја освои ЛШ.-изјави Лазовиќ.