Советничката Емилија Костурски назначена за заменик градоначалник на Битола

Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, на денешната седница на Советот на општина Битола соопшти дека донела одлука со која членот на Советот на општина Битола Емилија Костурски, согласно Законот за локална самоуправа ја назначила Костурски за своја заменичка.

Одлуката на Петровска е објавена во општинскиот Службен гласник, посочи Петровска пред членовите на Советот на општина Битола кои денеска ја одржуваат 12-тата редовна седница.

Емилија Костурски е професорка по информатика и советник од редовите на СДСМ, а функцијата заменик градоначалник ќе ја врши во случаи на спреченост или отсуство на градоначалничката Петровска.

Според архивата на општина Битола, првпат во историјата на градот, локалната самоуправа ја предводат две жени, градоначалник и заменик градоначалник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *