Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што се одржува во Софија, на иницијатива на .
На конференцијата што ќе ја отворат бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот извршен директор на Светската банка Кристалина Георгиева, ќе се разговара за гранични олеснувања во регионот, за интензивирање на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, со цел отворање перспективи за приватниот сектор.
Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министрите за финансии и за транспорт и врски, Драган Тевдовски и Горан Сугарески, во Софија пристигна синоќа од Брисел каде што имаше средби со првите луѓе на Европскиот парламент и на Европската комсиија.
На конференцијата во Софија ќе учествуваат и премиерите на Србија и на Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама, претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вецпремиерот и министер за трговија на БиХ Мирко Шаровиќ, како еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
I appreciate the humor in your analysis! For those interested, here’s more: FIND OUT MORE. What do you think?