По повод 7 Мај-Денот на македонската полиција, почнувајќи од денеска и наредните денови на Градското пристаниште во Охрид ќе се реализираат подготовки за показната вежба предвидена за 5 мај.
Во рамки на подготовките ќе бидат употребени и техничко-тактички средства и опрема
СВР-Охрид ги известува граѓаните да не се вознемируваат, дека се работи за подготовка за демонстрацијата на подготвеноста на полицијата по повод претстојниот празник.