ВЕНГЕР ВО БОРУСИЈА ДОРТМУНД?

Веста дека по цели 22 години, францускиот стратег Арсен Венгер ќе замине од Арсенал и најверојатно од островот, предизвика бура од реакции во светот на фудбалот. На негова адреса веќе почнаа да пристигнуваат понуди, од кои секако најпривлечна е онаа од Бундес-лигата или поточно од Борусија Дортмунд. Суми сеуште не се споменуваат, но фактот дека понудата стигнува од еден од најдобрите германски клубови само по себе зборува дека и онаа која што ќе му биде понудена нема да биде за потценување.

Од друга страна, понуди има и од ПСЖ, но таму би требало да биде Генерален менаџер или спортски директор, што со оглед на фактот дека сака да продолжи како тренер не му одговара.

Трета опција која му се нуди е заминувањето во МЛС -лигата во САД или пак во Кина, која плаќа извонредно, особено вакви трофејни тренери.

428 thoughts on “ВЕНГЕР ВО БОРУСИЈА ДОРТМУНД?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *