Џафери на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на ЕУ во Талин

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана на претседателот на Парламентот на Естонија, денеска и утре ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската Унија, што ќе се одржи во Талин, Естонија.

Конференцијата, како што соопштува собраниската прес-служба, ќе опфати теми за иднината на Европската Унија и Европската безбедност и одбрана.

На маргините на конференцијата, што се одржува во рамките на естонското претседателство со Советот на ЕУ, претседателот Џафери ќе оствари и билатерални средби со своите европски колеги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *