Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана на претседателот на Парламентот на Естонија, денеска и утре ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската Унија, што ќе се одржи во Талин, Естонија.
Конференцијата, како што соопштува собраниската прес-служба, ќе опфати теми за иднината на Европската Унија и Европската безбедност и одбрана.
На маргините на конференцијата, што се одржува во рамките на естонското претседателство со Советот на ЕУ, претседателот Џафери ќе оствари и билатерални средби со своите европски колеги.