Формирано претставништво на ОМД во Лондон

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) формира претставништво Лондон, а Илија Влчевски го именува за нов претставник во Обединетото Кралство.
Од ОМД информираат дека посебен фокус на Влчевски ќе му бидат младите генерации Македонци во Обединетото Кралство.
Влчевски е втора генерација македонски имигрант роден и пораснат во Лондон. Дипломирал на катедрата по бизнис и економија на Универзитетот во Хертфордшир со највисок просек.
– Главната пасија на Влчевски е развивањето економски стратегии и изнаоѓањето нови можности на ова поле, пред се во однос на подобрувањето на животниот стандард во Македонија, на македонската дијаспора, но и пошироко на Балканот, посочуваат од ОМД.
Уверени се дека Влчевски ќе оствари одлични резултати во својата нова улога, меѓудругото и преку соработка со долгогодишниот партнер на ОМД, Асоцијацијата на Македонци во Обединетото Кралство (АМУК), како и со заедницата на македонски верници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *