Почитувани,
Во врска со ставот на одговорниот за надворешна политика во Грчката опозициска партија Нова демократија Јоргос Кумуцакос, кој во интервју за весникот „Ријал Њуз“ ги повтори позициите околу спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Бидејќи Кумуцакос во интервјуто меѓудругото ја отвори дилемата дека прашањето не е дали продолжуваат преговорите туку како продолжуваат и каде водат, Македонската Алијанса му го порачува следното:
Македонскиот народ никогаш нема да ги прифати Грчките уцени. Нема промена на Уставот и нема да прифатиме нов идентитет. Не прифаќаме дека Македенија во било каква форма промовира иредентизам. Не отстапуваме од нашето природно право на самоопределување кое е во согласност со сите универзалните демократски стандарди кои ги ужива секој народ и Држава.
Да, точно е дека сите во Македонија сметаат дека сите политички партии во Грција промовираат иредентизам и средновековен национализам во врска со Македонското прашање. Срамно е во 21 век да се уценува и да се бара некој да се обезличи ако сака да се интегрира во ЕУ и НАТО. Уште посрамно е што Грција како осудена земја од Хашкиот Суд за непочитување на Времената Спогодба да предлага сега нов меѓународен договор. Со кое право, со кој мандат и конечно со кој образ?
Актуелните Македонски функционери брзо ќе сфатат дека официјална Атина од секогаш преговара за да не се договори никогаш. Од ништо не се задоволни и секогаш имаат нова уцена во џеб! Така беше во минатото, така е и сега. Преговорите не се водат по нормите не меѓународното право туку по принципот кој има посилна позиција и мускули во моментот. Тоа неминовно води кон заклучокот дека Македонија треба да прифати се’, да го жртвува Македонскиот народ и историското наследство што претходните генерации крваво го стекнале.
БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ И ОДЛУКА ЗА ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ!
Било какви понатамошни разговори, средби или преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Меѓународното право мора да важи за сите подеднакво! Македонија може веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата во согласност со интересите на САД и меѓународните сојузници!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
This was both informative and hilarious! For more details, click here: LEARN MORE. What’s your take?